top of page
користење ателје

Користење ателје КЕРАКАМИКА 

Нашето студио се состои од просторија за работа и пристап на отворено каде може да креирате кога времето е убаво. Термини може да се закажуваат по договор кога во студиото има слободно место .

Во студиото има две електрични грнчарски тркала, маса за подготвување на глината, полици за сушење, алатки за користење и печки за керамика.

За да го користите ателјето се препорачува да имате претходно искуство за работа на грнчарско тркало.

Вие ќе бидете одговорни за подготвување и одржување на вашата глина,потпишување на вашите изработки, како и за чистење на студиото по користењето бидејќи тоа е заеднички простор. Ние не сме одговорни за евентуални пукнатини или проблеми кои може да настанат при сушење или печење на керамиките. Печењето е откако убаво ќе се исушат предметите (отпрл. за 3 недели до 1 месец).

Цена за изнајмување на ателјето ( за еден човек ):

300ден за 2 часа (за еден ден) (или 150ден за час)

4600ден. за еден месец (за месечнината, термини може да се закажуваат секој работен ден (пон-петок) макс. по 2 часа во текот на еден месец )

 

Печењето, глината и глазурите не се вклучени во цената за изнајмување. Исто така приватни инструкции не се вклучени во цената.

* Црвена глина чини 100ден за 2кг (мин.количина) 

** Печење на еден предмет (кој тежи 500гр) чини 150ден.

*** Глазирање со подглазурни бои, потопување во провидна глазура и печење на глазираниот предмет чини 400ден (за еден предмет кој тежи макс. 500гр)

Плаќањето е однапред или дента кога е користено студиото.

Исто така нудиме и печење само на ваши керамики. Димензиите на нашата печка се: Висина-57цм, должина и ширина-44цм. 

* Цена за полна печка: 4000ден.

Ве молиме носете постара облека и спремете се за прекрасно искуство. :)

 

Ако имате дополнителни прашања, слободно пишете ни на: keramikacafeskopje@gmail.com

bottom of page