Добредојдовте на страната на КЕРАКАМИКА Кафе!

 

Керакамика Кафе е уникатно студио, отворено за сите љубители на керамиката и уметноста на креирањето, без разлика на возраста и искуството.

Нашето креативно просторче се наоѓа во Ѓорче Петров I (близу до Порта Влае) Скопје. Излегува на главна улица, лесно е за лоцирање и паркирање и има пристапност за лица со попреченост, а да не заборавиме и дека е "pet friendly". :)  

Во опуштена и релаксирачка атмосфера, пиејќи си го омилениот пијалок, можете да си креирате се што ќе посакате. :)

Во студиото нудиме голем избор на работилници, индивидуални и групни сесии.

 

 

 

 

Сите колекции на едно место!

НОВИ ПРОИЗВОДИ,

ПОПУСТИ,

 РАСПРОДАЖБА 

и Втора распродажба

( тука)

ПРИКАЗНАТА ЗА КЕРАКАМИКА КАФЕ 

 

 

Ние сме Тања и Боки

по професија Дипломирани Ликовни уметници со педагогија.

Отсекогаш сме посакувале  да постои местенце како ова, каде родителите ќе поминуваат квалитетно време со своите дечиња; другарчињата ќе се собираат на креативни дружби; паровите ќе се состануваат, па дури и ќе прославуваат годишнини... Kаде за саканите ќе се организираат изненадувања, а креативни дечиња ќе си прославуваат родендени... Kаде ќе се шират познанства и убава енергија, а воедно ќе се учат нови работи и ќе се прошируваат хоризонтите... Каде ќе се организираат посети на училишни групи и можеби ќе побудиме инспирација за креативна идна професија кај некој од Вас, како што Вие не инспирирате постојано нас...    

Каде во смирена атмосфера ќе можете да си го испиете кафенцето изработувајќи специјален подарок за себе или за драга личност...со еден збор каде што ќе можете да си дојдете на уживање!

И така, уживајќи во споделувањето знаење и убава енергија постепено се градеше приказната за Керакамика Кафе.

Почнувајќи од 2013 па се до денес, тaa постојано се надоградува, проширува и расте заедно со нас....

Ви Благодариме што дозволивте да бидеме дел од Вашата приказна. 

 

п.с Креативните луѓе се Најубавите луѓе! Чест ни е што имаме можност да креираме заедно! 

 

 

ЗА НАШИОТ БРЕНД - КЕРАКАМИКА

 

 

 

 

 

 

 

Животот е креирање, а ова сме ние: КЕРАКАМИКА. Името на брендот под кој твориме доаѓа од нашето синче (тогаш едногодишно) кое го употребуваше тој збор место керамика :).

И еве оттогаш ова е патот по кој одиме, чекор по чекор, од идеја до реализација, каде што креативното е преточено во игра и забава и каде што насмевките се одраз на создаденото...

 

За нас, да се создава значи два пати да се живее. Тоа ни го овозможува глината, таа е како жива материја и постојан двигател на возбудата.

Неможеме да ви го опишеме моментот на возбуда кога со нетрпение го дочекуваме отварањето на керамичката печка за да го доживееме новосоздаденото.

Секој производ што произлегува од нас е создаден со љубов и посветеност, а глината е таа што ја апсорбира таа енергија и ви ја пренесува Вам.

 

Живееме во свет каде што природното си го потврдува примарното место во нашите животи и сите ние имаме можност да сведочиме на тоа и по избор да си го дозволиме. Ние го одбравме тоа, дозволете си и Вие КЕРАКАМИКА да биде дел од Вашиот живот.

Целта на нашите производи ни е да предизвикаат изненадување, убаво чувство и различно доживување на предметите кои не опкружуваат секојдневно и на кои сме навикнати.

 

Секогаш користиме природни и еколошки материјали, со тоа вие добивате сигурност и квалитет во кој беспрекорно ќе верувате и секако ќе уживате во уникатноста и посебната естетика на нашите керамички производи.

Засега работиме паралелно на неколку колекции. Инспирацијата за секоја колекција е различна. Најчесто додека се создава една, веќе се раѓа идејата за следна и така по ред во една приказна без крај, во еден постојан ритам на нештата...
 

                                                                                                                                                              

This site was designed with the
.com
website builder. Create your website today.
Start Now