
Здраво!
Како ви звучи да поминете неколку часа правејќи нешто волшебно со рацете од најприроден материјал, во друштво на убави луѓе, пиејќи си кафенце или чајче?
Звучи примамливо, зар не?
На нашите работилници имате можност да творите со глина и да уживате во креативната атмосфера.
Постоиме од 2013 година и се занимаваме првенствено со држење работилници и создавање керамики.
Студиото се наоѓа во Ѓорче Петров I , (близу до Порта Влае). Секогаш има бесплатен паркинг и ако дозволуваат временските и техничките услови работилниците ги држиме на отворено во дворчето на ателјето.
На сите работилници се употребува црвена македонска глина.
Глазурите кои ги користиме се безоловни, а тоа значи дека на крај садовите може да си ги користите бидејќи се безбедни во допир со храна. И да, се одржуваат во машина за садови!
Предметите ги подигате откако ќе ви пратиме писмено известување дека се готови.
По изработката ни ги оставате на сушење (3 недели), потоа следи прво печење, па глазирањедоколку е вклучено во работилницата) и на крај следи второ печење по што предметите се спремни за да им се радувате и да ви го разубавуваат секојдневието. Процесот до финален производ може да трае 1-2 месеци (знаеме дека е долг, но вреди!:)
Со секоја работилница го добивате предметот што самите ќе си го изработите.
Работилници
***НОВО
*20мин работа на грнчарско тркало. Цена 1500 ден за еден учесник. За максимум 6 учесници Идеална работилница за странци или некој кој сака да го искуси овој магичен трансформативен процес. Секој учесник на крај на работилницата може да си го земе предметот кој ќе го изработи за спомен.
* Вино и глина (макс. 10 учесници) (траење: 2 часа) (За приватен настан со над 10 учесници имаме специјален попуст) (добивате чаша вино, 1 предмет што ќе си го изработите) Работи кои може да се изработат:
- Еднодневна работилница „Направи аватар од себе“ 1200 ден.(следува печење на 1000 степени C до теракота) Едноделна работилница за моделирање. Трае 2 часа, добивате чаша вино и материјали. Си го подигнувате предметот кога ќе биде печен и го добивате како теракотна скулптура. Глазирање не е вклучено.( доколку сакате скулптура да се глазира има опција да дојдете на глазирање со доплата од 800 ден.)
- Дводелна работилница „Направи своја чаша или чинија“ 2000 ден. Дводелна работилница за рачна изработка на чаша и нејзино глазирање. Првото доаѓање трае 2 ч. и опфаќа рачна изработка на предметот кој потоа се остава на сушење и прво печење.(Вклучено е и вино за инспирација:)) Второто доаѓање е 2-3 недели по првото и опфаќа глазирање (боење) на предметот по желба со специјални глазури кои се безбедни во допир со храна и се печат на 1000 степени целзиусови.(Вклучено е и кафенце/чај за будење на креативноста:)
*Грнчарско тркало (траење 2 часа) - 3000 ден за еден учесник. Располагаме со 2 грнчарски тркала и истовремено може да работат двајца учесници . Добивате вкупно по 2 предмети. Глазирањето со транспарентна глазура е вклучено.) Ако сте група од четворица, цената е со попуст 9000 ден за четири лица.
* Курс за керамика (траење 5 недели; еднаш неделно по 2 часа) - 15.000 ден. за еден учесник. Ако резервирате приватно како група од 4 учесници имате специјален попуст! Секој учесник добива по 3 предмети изработени со сите техники за правење керамики а последната средба е за глазирање на изработените предмети до печење и финален производ) Следува и Сертификат за поминатиот курс.
***НОВО
*Интензивен курс за работа на грнчарско тркало (3 средби по 2 часа ) цена 10.000 ден за еден учесник. располагаме со 2 грнчарски тркала за работа на максимум двајца учесници. Секој учесник на крај ги добива сите предмети кои ќе ги изработи, испечени до теракота од кои 2 предмети изглазирани.
Дополнителни информации:
Имаме и опција: Подарок-ваучер кој може да го подарите на Ваша драга креативна личност.
.
Резервација се прави со уплаќање на сумата на жиро сметка на фирма.
За инфо околу приватни работилници со повод или за останати прашања, пишете ни на: keramikacafeskopje@gmail.com
Kреирањето може да започне!











