top of page
Anchor 16
повеке грнчарско колце

ПРОМО РАБОТИЛНИЦА ЗА ГРНЧАРСКО КОЛЦЕ

за деца и возрасни

 

* Индивидуален час, цена 600ден, траење 60мин (по потреба може да се земе блок часови по цена од 1000ден)

Овој час е наменет за да ја испробате техниката и доколку ве привлекува, се препорачува курсот за работа на грнчарско тркало. На индивидуалниот час (или блок часовите)  добивате  црвена глина,  алатки за користење и печење на еден предмет.

Глазирање не е вклучено во работилницата

 

* Курс, цена 3000ден, траење 6 часа (т.е два дена по 3 часа)(или 3 дена по 2 часа)

На овој курс ќе се запознаете со начините на подготвување на глината за работа, центрирање на грнчарското тркало и изработка на керамички производи. Вклучува црвена глина, алатки за користење и печење на три предмети.

Оваа работилница дозволува да се изработат посложени керамики по сопствен дизајн.

Со поминатиот курс на учесникот би му се обезбедила една убава база од каде ќе може да тргне и да се доразвива, како и да доаѓа во студиото кога ќе има слободен термин и самостојно да работи со што би доплаќал за глината, печењето и студиото.

Глазирање не е вклучено во работилницата

* Презентација, цена 3000ден,(за група од околу 30 учесници) 

На презентацијата ќе се запознаете со изработка на керамички производи на грнчарско тркало. Можна е изведба на Ваша локација или училиште. По презентацијата (доколку времето и просторот дозволуваат) посетителите би можеле да испробаат накратко како изгледа оваа техника.

* Термините се одредуваат индивидуално, според времето на учесниците и слободните термини во студиото.

 

* Дозволено е носење сопствени пијалоци и храна.

* За работилниците се препорачува учесниците да понесат постара облека и да се спремат за преубаво релаксирачко искуство.

*Глазирање не е вклучено во работилницата

 

* Резервација и прашања на: keramikacafeskopje@gmail.com

bottom of page